Променливо облачно со повремен дожд

Нетпрес

05/10/2024

10:44

174

Големина на фонт

а а а

Во саботата на територијата на Македонија ќе преовладува променливо облачно време со повремено врнежи од дожд, наместа пообилни, проследени со грмежи и засилен ветер.

Утринските температураи се движат од 11 до 18, додека максималните ќе бидат во интервалот меѓу 16 и 25 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината денеска ќе биде променливо облачно, попладне и кон крајот на денот со повремени врнежи од дожд. Во делови од котлината врнежите ќе бидат пообилни, проследени со грмежи и засилен ветер. Температурата ќе достигне до 23 степени.




Спонзорирани линкови

Маркетинг