"Xiaomi" доаѓа да ја освои Европа

Точка

05/10/2024

09:40

7.936

Големина на фонт

а а а

"Xiaomi SU7" постигна одлични резултати како прв автомобил од кинеската компанија најмногу позната по памените телефони. Сега тие се стремат кон уште поголем успех.

Како што веќе знаеме, "Xiaomi" е познат по тоа што се труди да понуди најдобра вредност за парите, а оваа филозофија е применета и во нивните автомобилски потфати.

Вториот автомобил на "Xiaomi" треба да се вика "Xiaomi MX11", според сегашните информации објавени од кинески инсајдери. Треба да се каже, сепак, дека ова име не е сигурно и дека сè уште нема официјални најави.


Овој модел треба да биде претставен на крајот на годината, а дотогаш "Xiaomi" планира да продолжи со добри резултати. Имено, компанијата објави дека четврти месец по ред продале повеќе од 10.000 автомобили.

Тоа значи и дека ќе продолжат да го зголемуваат производствениот капацитет, а првиот човек на компанијата веќе најави дека планираат да се прошират и во Европа и да им конкурираат на "Tesla" и кинескиот бренд "BYD".


Исто така, веќе се поставени високи цели за овој месец – "Xiaomi" планира да направи и испорача 20.000 автомобили.




Спонзорирани линкови

Маркетинг