Убавицата од деведесеттите доживеа прељуба од поранешниот сопруг со дадилката, а новиот маж ја сака и покрај тоа што е „пластична“

Точка

03/10/2024

20:42

4.695

Големина на фонт

а а а

Нејзиниот живот е преполн со подеми и падови, а денес таа го прославува својот 55 роденден. Познатата пејачка Гвен Стефани помина низ сè, од големата слава во деведесеттите, до јавна прељуба и критиките поради бројните естетски операции, а потоа среќата конечно ја пронајде во новиот брак.

Иако, откако е во брак со Блејк Шелтон, нејзиниот живот наликува на бајка, претходно Гвен се соочуваше со бројни проблеми.


Познатата русокоса имаше неколку скандали и турбуленции, но сепак првото место го зазема нејзиниот поранешен маж.

Во 2002 година, Гвен се омажи за Гавин Роздејл со којшто има три деца, а парот се најде во центарот на вниманието кога се дозна дека дури три години траела прељубата на Гавин со дадилката која им ги чувала децата.


Гвен го дознала тоа кога ги пронашла голите фотографии и пораки кои тие двајца ги разменувале, по што била во многу лоша состојба. Меѓутоа начинот на којшто дознала за прељубата е уште побизарен. Имено, Гавин бил невнимателен, така што неговиот мобилен телефон случајно се поврзал со таблетот, и на тој начин сè што пристигнувало на неговиот уред пристигнувало и на таблетот.


Но покрај прељубата, Гвен е препознатлива и по бројните естетски корекции, а како што велат нејзините обожаватели, во ред е тоа што се грижи за сопствениот изглед, меѓутоа никој не е воодушевен од нејзиното лице без ниту една брчка.


„О боже, што направи Гвен Стефани со своето лице?“, „Пластична операција која завршила во погрешна насока“. „Гвен престани со пластичните операции на твоето лице“, „Почнуваш да изгледаш како Мадона“, „99% филери и 1% кожа“, се само некои од коментарите од минатото, меѓутоа ниту сега ситуацијата не е многу подобра.