Златан Ибрахимовиќ е милионер кој успеа да се пензионира во своите четириесетти години, но сите заработени пари внимателно ги распоредил.
Велат дека на светот не постои посамоуверен човек од Златан Ибрахимовиќ. „Не можам, а да не се радувам поради тоа колку сум совршен“ во една прилика изјави тој, споредувајќи се себеси со Господ.
Златан денес го прославува својот четириесет и трети роденден, среќно е оженет, татко е на двајца синови, и поседува огромно богатство. Ова е приказната за неговиот успех.
„Сè започна со сон. Сонот којшто беше невозможен се претвори во возможен“, вели Златан.
„Роден сум во Малме, израснав во Амстердам, во Торино станав повеќе мудар, во Барселона станав лав. Израснав во Милано и се здобив со нови перспективи во Париз, стекнав издржливост во Манчестер, и се забавував во Лос Анџелес. И потоа конечно го пронајдов мирот во својата нова татковина во Милано. Јас сум создаден од тебе. А наследството кое се надевам дека ќе го оставам, се сите „нови Златани“ кои јас ќе ги направам. Сите оние кои имаат лавовско срце. Сите оние коишто имаат горечки оган во очите. Сите оние кои навистина разбираат дека невозможното е ништо“, напиша Златан под фотографијата од неговите стапала, која ја врамил и ја ставил на ѕидот во неговата куќа, за неговите синови да знаат од каде потекнува неговото богатство.
Детство
Животната приказна на едниот од најдобрите фудбалери во историјата започна на трети октомври 1981 година во Малме. Тој е роден во Шведска како син на Шефик и Јурка – бегалци од Босна и Херцеговина, така што на самиот почеток немал големи шанси за успех.
Татко му бил алкохоличар, така што неговите родители се разделиле кога тој имал две години, а најголем дел од времето тој живеел со татко му, со кој немал многу добар однос.
„Поблизок сум со мајка ми. Со татко ми е исто како и секогаш, не сум близок со него како со мајка ми, бидејќи и двајцата сме големи егоисти. Јас сум ист како него, и кога се кара со мене, тој не сфаќа дека се кара со самиот себеси, бидејќи по однесувањето ние сме. Тој ме направи таков, каков што сум денес“, вели Златан.
За животот на мајка му Јурка, зборуваше нејзиниот брат Гојко Гравиќ, кој откри дека таа на 17 годишна возраст заминала да работи во Германија, каде го запознала првиот сопруг, со кој има две ќерки. Кога се разделила со него, се омажила за кафеанскиот пејач Шефик Ибрахимовиќ од Бијелина, со него две деца, Златан кој стана фудбалска ѕвезда и ќерката Санела.
Кога пропаднал бракот на Јурка и Шефик, тие живееле во многу тешки услови, а самиот Златан зборуваше за овие тешки денови од детството, кога повеќе бил гладен отколку сит.
По разводот на родителите, Златан првобитно живеел со мајка му, која напорно работела како куќна помошничка, а потоа живеел и со татко му кој се лекувал од алкохолизмот. Мајката на Златан подоцна го родила и своето петто дете во вонбрачна заедница, а неговото име е Александар Ѓорѓевиќ.
Инаку, Златан ѝ дал неколку милиони на компанијата која ја доверил на мајка му и полубратот Александар, а потоа на мајки му ѝ купил луксузен стан, но и црква во Шведска која чинеше 9,24 милиони евра (но веднаш ја сруши за да изгради луксузни станови).
„На мајка ми и купив стан во Хрватска, во близина на Паг за да биде поблиску до нејзините сетри. Сакаме да ѝ ги испратиме Макс и Винсент, сами без мајка им и татко им. Треба да се научат да бидат самостојни. Сакаме одреден период да поминат во Хрватска со нивната баба, која може да ги научи многу работи“, вели Златан.
Додека, на татко му, Златан му купил стан во ексклузивниот дел од Малме, а неговата сестра Санела која живее во градот Слотцгатан е формален сопственик на станот во Хрватска.
Најмалиот полубрат на Златан, Александар живее на улицата „Mabärsgatan“, а тоа е адресата на која е регистрирана една од фирмите преку кои Златан управува со своите недвижнини, а кои формално се водат на мајка му Јурка и братот Александар. Останатите две компании во кои е активен полубратот на Златан, се оние во коишто водечка улога има и мајката Јурка.
„Имеријал“ пишува дека приказната на фудбалерот воедно претставува и водич за тоа како милијардерите од рангот на Златан управуваат со своите луксузни империи на недвижности преку фирми регистрирани на членовите на семејството, како и преку адвокати специјализирани за пренос на недвижности во „даночни засолништа“.
Шведска е средена и транспарентна скандинавска држава, така што кај нив нема никаква мистификација во поглед на тоа каде некој живее, колку вреди недвижноста во којашто живее, а преку нивните регистри можно е да се добијат низа податоци, а благодарение на тој систем на регистри сега се знае каде живеат членовите на најтесното семејство на Златан Ибрахимовиќ.
Љубовната приказна со Хелена
Кога станува збор за љубовта, Златан успеал да ја освои 11 години постарата и успешна жена – Хелена, со која има двајца синови.
Кога бил запрашан дали ѝ подарил веренички прстен, тој одговорил: „Не, таа го доби Златан“.
Хелена ретко зборува за нејзиниот сопруг, со него има мирен живот, самоуверено следејќи го низ животот, знаејќи дека сопругот ја сака.
Златан денес е во пензија, а целото негово внимание е насочено кон синовите, додека еден од нив веќе тргнал по стапките на татко му. Имено, Максимилијан Ибрахимовиќ, 18 годишниот син на Златан, одбран е да настапува за јуниорската фудбалска репрезентација на Шведска