„Жежок“ почеток на новата сезона: Првата лига ќе стартува со „вечно дерби“ уште во првото коло

Дерби

30/07/2025

14:05

756

Големина на фонт

а а а

Првата македонска фудбалска лига ќе стартува на 8-ми август, а за време на денешната ждрепка која се одржа во хотелот Хилтон, беа доделени и редните броеви со кои се дефинираше возниот ред за најсилното фудбалско првенство во нашата земја.

Ждрепката привлече големо внимание бидејќи оваа година во фаворитите за трофејот се вбројува и Вардар, па токму најтрофејниот македонски клуб ќе биде во центарот на вниманието уште во првото коло.

Извлекувањето одреди дека вечните ривали во македонскиот фудбал ќе се соочат уште во воведната рунда, па така на стартот ќе гледаме дерби пресметка меѓу Вардар и Пелистер во Скопје.

Стартната рунда носи и второ големо дерби меѓу екипите на Шкендија и Шкупи, а во дадената ситуација, улога на домаќин ќе има актуелниот македонски шампион.

Како што беше претходно најавено, во новата сезона треба да биде имплементиран ВАР системот, па тоа ќе биде една голема новост за кампањата која претстои.

ПМФЛ, 1. коло:

Тиквеш – Работнички

Башкми – Арсими

Струга – Македонија ЃП

Шкендија – Шкупи

Силекс – Брера

Вардар – Пелистер

Целиот распоред за ПМФЛ погледнете го ТУКА.