Покрај диетата и редовното вежбање, постојат уште неколку начини на кои природно можете да влијаете на постигнувањето на посакуваната фигура. Најдобар начин да ги постигнете вашите цели е да започнете наутро, а освен квалитетен појадок, кратка прошетка или тренинг, можете да консумирате и одредени видови на пијалаци кои ќе помогнат во топење на масните наслаги на стомакот.
Диететичарката Ејми Гудсон за "Eat This, Not That" ги издвои четирите најдобри видови пијалаци кои влијаат на масните наслаги на стомакот, а кои треба да ги консумирате наутро.
Зелен чај
Освен што ги топи масните наслаги, зелениот чај позитивно влијае и на варењето. Овој вид чај е богат со епигалокатехин галат (EGCG), за кој е познато дека го зголемува метаболизмот и го забрзува процесот на согорување на мастите, особено за време на вежбање.
Гудсон истакнува дека „кофеинот во зелениот чај има и благо стимулирачки ефект, што дополнително ја зголемува потрошувачката на калории. Истражувањата сугерираат дека комбинацијата на "EGCG" и кофеин може да помогне во разградувањето на складираните маснотии, особено маснотиите на стомакот“.
Кафе
Шолја кафе на ден може да помогне да се спречи таложење на сало на стомакот, пренесува "Eat This, Not That". Ова се случува затоа што кофеинот го забрзува метаболизмот и ги согорува мастите. Утринската шолја кафе го стимулира и нервниот систем, кој ги информира масните клетки дека е време да се разградат мастите. Овој ефект се засилува кога вежбате.
„Истражувањата покажуваат дека кофеинот може да ја зголеми потрошувачката на енергија и оксидацијата на мастите, особено кај слабите поединци, што го прави одличен утрински пијалак за губење на маснотии“, тврди диететичарот.
Чај од ѓумбир
Омилениот на многумина и многу здрав, ѓумбирот ја зголемува телесната температура, а со тоа и бројот на потрошени калории. Често се препорачува за консумирање за време на настинка, но и како природен избор за зајакнување на имунитетот.
„Гинџеролот, активната состојка во ѓумбирот, исто така помага во подобрување на варењето, намалување на гладот и забрзување на метаболизмот. Студијата објавена во списанието "Metabolism" покажа дека пиењето чај од ѓумбир го зголемува чувството на ситост и му помага на телото поефикасно да согорува калории“, објаснува Гудсон.
Протеински пијалаци
Протеинските пијалаци се одлични бидејќи се заситувачки и вкусни. Јадењето доволно протеини веднаш по будењето може да ја намали желбата за храна, да го насочи губењето на маснотиите и да помогне да се зачува мускулната маса. Сите овие се клучни фактори кога станува збор за топење на салото на стомакот.
„Утрински протеински шејк, направен со протеин од сурутка или растителен протеин, може да помогне да се забрза вашиот метаболизам благодарение на термичкиот ефект на храната. Протеините имаат повисок термички ефект од мастите и јаглехидратите, што значи дека вашето тело троши повеќе енергија за варење и обработување“, заклучува диететичарката.