Кожата ја раскажува нашата приказна. Ги памети сончевите денови, забрзаното секојдневие, непроспиените ноќи, стресот, но и моментите кога сме ѝ посветиле љубов и грижа.
Стареењето е природен дел од животот, но современиот ритам и влијанијата од околината често прават неговите први знаци да се појават порано отколку што очекуваме — кожата станува посува, помалку еластична, а фините линии сè повидливи.

Токму затоа новата Eucerin Longevity Epigenetic линија носи поинаков, научно инспириран пристап кон негата на кожата над 30 години. Таа е создадена со разбирање дека факторите од околината и животниот стил можат да влијаат врз активноста на гените и врз процесите поврзани со младешкиот изглед на кожата. На ова поле се темели епигенетиката — науката што стои зад новата формулација на Eucerin. Во срцето на линијата е Epicelline, активна состојка развиена со цел да ги поддржи природните процеси на кожата и да помогне во намалување на видливите знаци на стареење.

За кожата да добие целосна, внимателно осмислена нега, линијата комбинира три чекори: Hyaluron-Filler + Longevity Epigenetic серум за лице, EUCERIN Hyaluron-Filler + Longevity Epigenetic дневен крем за лице со SPF 30 и EUCERIN Hyaluron-Filler + Longevity Epigenetic ноќен крем за лице.

Серумот за лице со лесна текстура е првиот чекор кон кожа што изгледа посвежо, помазно и подготвено да ја прими понатамошната нега. Во текот на денот, EUCERIN Hyaluron-Filler + Longevity Epigenetic дневниот крем за лице со SPF 30 обезбедува хидратација и заштита од сончевото зрачење — еден од најзначајните фактори што придонесуваат за предвремено стареење на кожата. А навечер, кога телото забавува, кожата продолжува да се обновува со поддршка од EUCERIN Hyaluron-Filler + Longevity Epigenetic ноќниот крем за лице. Формулата со Epicelline и Provitamin B5 е создадена за да ја поддржи природната регенерација на кожата во текот на ноќта.

Овие три производи се надополнуваат во едноставна, но моќна дневна и ноќна рутина која ја следи кожата во секој момент од денот. Затоа грижата за зрелата кожа не е само одговор на првите брчки или губењето на свежина — таа е секојдневен ритуал на внимание кон себе, начин кожата да остане негувана, витална и со младешки изглед што подолго.
Комерцијален текст









