Фејт Харисон (22) завршила со натпреварот по хокеј, во којшто нејзиниот тим победил. Но, еден час подоцна почувствувала неверојатен притисок во градите, по што нејзината кожа станала ладна. Иако во тој момент не го знаела тоа, Фејт всушност доживеала тежок инфаркт, кој го преживуваат само 12% од луѓето.
Харисон опиша како изгледал нејзиниот петти јануари, денот кога животот засекогаш ѝ се сменил.
„По околу триесетина минути возење до мојот дом, одненадеж почувствував интензивен притисок во пределот на градите, имав чувство како слон да ми седи на градите. Потоа почувствував силна болка во левата рака и набргу го изгубив чувството во неа. Имав впечаток дека ми се приближува „црн облак“ и дека ќе умрам. Успеав да стасам до куќата на моите родители и во тој момент мојата состојба драстично се влоши, неконтролирано повраќав и буквално се тркалав по подот поради страшните болки. Мојот татко ја повика брзата помош, а јас бев сигурна дека имам срцев удар“, раскажа Фејт и додава:
„Меѓутоа, штом слушнаа дека сум спортист и дека имам 22 години, ми кажаа дека имам само напад на паника. Ми кажаа да отидам во болница, доколку не ми се подобри состојбата во текот на наредниот час. Татко ми ме однесе в болница, а лекарите констатираа дека имав инфаркт. Цели седум часа без бев соодветна нега, и поради тоа ќе имам последици до крајот на животот. Сега живеам со сериозен срцев проблем, бидејќи мојата десна срцева комора е оштетена и никогаш нема да закрепне“.
За жал тука не е крајот на лошите вести за Фејт, имено лекарите ѝ кажале дека поради степенот на оштетеноста на срцето, постои голема веројатност дека ќе ѝ биде потребна трансплантација. Исто така, поради лековите кои ги консумира, Фејт нема да може да има деца, пренесува „The Sun“.