Портретот кој беше откриен во Капри, Италија, а за кој целото семејство навиваше сопственикот да се ослободи, всушност вреди милиони.
Погледнете добро во вашите подруми, можеби и вие ќе наидете на изгубено богатство.
Во 1962 година, Луиџи Ло Росо, трговец со отпад и половни производи, пронашол платно со насликан портрет на жена и го однел дома во Помпеја, го ставил во евтина рамка и го закачил во дневната соба каде што висел следните неколку децении.
Портретот, за кој сега се верува дека е искривен приказ на Дора Мар, француска фотографка и сликарка која била љубовница и муза на Пикасо, го имал препознатливиот потпис на уметникот во горниот лев агол.
Il rigattiere lo prese da una cantina che stava sgombrando in una villa di Capri
— Etrurianews (@Etrurianews) October 1, 2024
POMPEI - Una scoperta incredibile, ma mai quanto la storia che c'è dietro: un uomo ha trovato più di sessant'anni fa una tela di Picasso che ha poi appeso in casa sua,https://t.co/lJizIJGlUc pic.twitter.com/NWUcTKu4KX
Ло Росо, сепак, не знаел кој е тој. Дури многу години подоцна, неговиот син Андреа почнал да се распрашува откако ја проучувал уметничката енциклопедија што му ја дала неговата тетка.
Семејството на крајот побарало помош од експерти, вклучувајќи го и познатиот уметнички детектив Маурици Серачини. По сложена долгорочна истрага, графологот Синција Алтиери потврди дека потписот на сликата е навистина на Пикасо.
„Откако беа направени сите други тестови, ми беше дадено да го проучам потписот. Работев на случајот со месеци, споредувајќи го потписот со оние на други оригинали. Несомнено е дека потписот е негов. Нема докази дека бил лажен“, изјави Алтиери за Гардијан.
Денес сликата вреди околу шест милиони евра.
Пикасо често го посетувал островот Капри, а се верува дека сликата е создадена помеѓу 1930 и 1936 година. Ло Росо почина, но неговиот син Андреа, кој сега има 60 години, тргнал да го открие уметникот зад сликата.
„Татко ми е од Капри и собираше отпад и продаваше користени работи. Тој ја најде сликата пред да се родам јас и немаше поим кој е Пикасо. Тој не беше премногу образован човек. Додека читав за делата на Пикасо, ја погледнав сликата и го споредив потписот. На татко ми упорно му кажував дека се слични, но тој не разбра“, изјави Андреа Ло Росо.
Тој додаде дека имало моменти кога сликата за малку ќе завршела во ѓубре: „Мајка ми не сакаше да ја чуваме, постојано велеше дека е одвратна“.