[ВИДЕО] Објавен во август оваа година: Филмот „Blink Twice“ многумина го споредуваат со озлогласените збави на Пи Дидди

Точка

01/10/2024

19:01

1.951

Големина на фонт

а а а

Филмот „Blink Twice“ на актерката и режисерка Зои Кравиц, стана особено популарен бидејќи во него луѓето пронаоѓаат сличности со актуелниот случај на Пи Дидди.

Објавен во август, дебитантскиот филм на Зои Кравиц, во последните неколку дена стана предмет на расправа на социјалните мрежи, поради тоа што многумина сметаат дека ги одразува приказните од злогласните забави кои со години ги организирал раперот и продуцент Пи Дидди.

„Blink Twice“ зборува за технолошки милијардер којшто со авион носи убави жени на својот приватен остров, каде подоцна ги дрогира и сексуално ги малтретира.

Со оглед на тоа дека „Sean P Diddy Combs“ е обвинет за трговија со луѓе заради секс, бројни корисници на социјалните мрежи ја коментираат сличноста на неговиот случај со овој филм, а сличноста го зголемува и фактот дека Зои Кравиц присуствувала на некои од забавите на Пи Дидди.


Покрај ова, сите жени во филмот облечени се во бело, што упатува на злогласните „бели забави“ на Дидди, којшто тој исто така ги нарекува „freak – offs“.

Одредени артисти се обидуваа преку интервјуа, песни и одредени фрази да им навестат на фановите за овој случај, меѓутоа не успеаја.

„Не е возможно да сум единствен кој размислува за корелацијата помеѓу „Blink Twice“ и она што е откриено за Пи Дидди“, „Овој филм има многу паралели со Пи Дидди“, „Верувам дека Зои Кравиц користела некои приказни коишто ги слушнала на забавите на Дидди“, „Ме интересира каква е реакцијата на Дидди на овој филм“, „Го одгледав филмот „Blink Twice“ и мислам дека е снимен поради Дидди. Сите тие бели забави, дрогирани жени и лажно извинување“, беа само дел од коментарите.


Сепак, Зои ги демантираше тврдењата дека филмот настанал врз база на приказните за Дидди и потенцираше дека сè е метафора.



Спонзорирани линкови

Маркетинг