[ВИДЕО] Неделно заработува повеќе од 200.000 евра, а нема да ви се верува каков автомобил вози: Хрватот ги шокираше сите со изборот на „машина“

Точка

01/10/2024

22:38

7.718

Големина на фонт

а а а

Од неговото доаѓање во Манчестер Сити, Јошко Гвардиол стана важен запчаник во тимот предводен од Пеп Гвардиола.

Тој на „Островот“ пристигна во август минатата година, во трансфер од Лајпциг тежок дури 90.000.000 евра.

Интересно е тоа што Јошко со 22 години е еден од најплатените дефанзивци во светот, бидејќи заработува повеќе од 200.000 евра неделно, но и покрај високите примања, тој се најде во центарот на вниманието поради својата приземност.

Имено, Гвардиол ги изненади сите кога на тренинг се појави со „Volkswagen Golf R“, автомобил вреден меѓу 40 и 50.000 евра.

Од друга страна, неговите соиграчи возат навистина луксузни возила. Рубен Диаш вози „Lamborghini“ од над 350.000 евра, а Едерсон и Џон Стоунс на пример возат „Rolls Royce“.

Халанд се одлучи за „Audi RS6“, додека Фоден, Нуњез и Луис возат „Mercedes G-Wagon“.

Изборот на автомобилот на Гвардиол дополнително ја потврди неговата скромност, која фановите со ентузијазам ја прифатија, особено во свет во кој често доминира луксузот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг