[ВИДЕО] Меси ги објасни своите мундијалски солзи по првиот гол против Алжир

Дерби

17/06/2026

10:15

827

Големина на фонт

а а а

Лионел Меси оствари се што може да се оставри во фудбалот и ги освои сите најважни титули, па дури и во ситуација кога се чинеше дека го одигра последниот мундијал пред четири години, аргентинскиот капитен се уште наоѓа мотивација да се натпреварува на највисоко ниво.

Меси ги прифати барањата на сите Аргентинци и прифати да настапи на шести мундијал во својата кариера, а веќе на првиот меч урна и постави неколку мундијалски рекорди.

Лео се израмни со Клосе на вечната листа на најдобри голгетери на мундијалите (16), но со првиот хет-трик на еден мундијал, го израмни и рекордот на Габриел Батистута кој досега беше единствениот Аргентинец со три гола на еден меч на Светско првенство.

Во подготовката за мундијалот, Меси мораше да санира мала повреда и многумина се прашуваа во каква физичка форма ќе пристигне на мундијалот, но откако постигна мајсторски прв гол, стана јасно дека Лео е во посакуван ритам.

Меси се расплака по првиот гол против Алжир и остави слика која многумина ја коментираа на социјалните мрежи, но по мечот и постигнатиот хет-трик, самиот капитен откри за што се работи.

– Точно е дека се расплакав, но го направив тоа за работа која е целосно далечна од фудбалот. Минав низ тежок период и низ тешки денови, имав комплициран период. Благодарен сум им на моите соиграчи кои беа блиску до мене, кои ме поддржуваа и кои ми дадоа сила да бидам добар.

– Горд сум и почестен што ги израмнив рекордите на Клосе и Батистута, но тоа останува само статистика за мене. Тоа нема да промени ништо. Ги остварив најважните триумфи на клупски и репрезентативен план, се што следи е само бонус за мене, – изјави Лео.