Поволна ждрепка за шампионот во второто коло: Ако го мине Купс, Вардар ќе има добра шанса за долга европска пролет

Дерби

17/06/2026

13:07

238

Големина на фонт

а а а

Македонскиот првак Вардар не доби поволна ждрепка за првото квалификациско коло во Лигата на шампиони и вчера дозна дека ќе игра двомеч против фински Купс, но ако успее да направи подвиг и да ја мине оваа рунда, работите стануваат значително полесни за „црвено-црните“.

Купс ќе влезе со фаворитска улога како првак на Финска и првенство кое е подобро рангирано од македонското, но Вардар сигурно нема да се предаде и ќе има свои цели на двете средби.

Двомечот се игра во првите две недели од месец јули, но Вардар денеска дозна што би го чекало и во втората квалификациска рунда доколку успее да го совлада Купс.

УЕФА изврши ждрепка и за второто квалификациско коло во најсилното европско натпреварувања, а овојпат ждрепката беше поволна за македонскиот првак.

Доколку го мине Купс, Вардар ќе од на победникот од Сабах (Азербејџан) и ТНС (Велс), екипи кои имаат далеку послаб коефициент на УЕФА листата од Купс.

Ако стигне до втората рунда, тоа ќе значи дека Вардар ќе влезе во комбинација да се бори за долга европска пролет, бидејќи триумф во второто квалификациско коло во Лигата на шампиони во најмала рака носи место во Конференциската лига на УЕФА.