Мбапе после двата гола и рекордот: Ако почнам да играм фудбал поради сите кои ме критикуваат….

Дерби

17/06/2026

07:57

533

Големина на фонт

а а а

Килијан Мбапе е на добар пат да стане најдобар голгетер во историјата на Светските првенства, но пред да дојде до тоа, напаѓачот на Реал Мадрид стана најдобар стрелец во историјата на француската репрезентација.

Иако пропушти две големи шанси на мечот со Сенегал, францускиот капитен успеа да се опорави и да испорача две чисти реализации во победата од 3:1, а овој блесок му овозможи да избие на врвот на вечната листа кај француските голгетери.

Мбапе стигна до 58-от гол и го надмина Оливие Жиру на вечната листа, но дури и во вакви услови, повторно добиваше критики од дел од француската јавност поради нереализираните шанси на резултат 0:0.

– Немам желба за одмазда, едноставно играм за Франција. Ако почнам да играм фудбал за да ги замолкнувам критичарите, ќе морам да играм до 80 години. Играм за да испишам историја за мојата земја и да му помогнам на тимот да стигне до финалето на Светско првенство.

– Се уште не сме на вистинскиот пат, секогаш може подобро. Видовме дека другите тимови се мачат, не е лесно да победите на Светско првенство, бидејќи овој турнир е уникатен. Не ни беше лесни, но знаеме дека во секој момент можеме да постигнеме гол и тоа значително ни помага, – изјави Мбапе.