Како да го истренирате мозокот вистински да ужива во вежбањето: Пробајте ги овие техники

Точка

30/09/2024

14:46

635

Големина на фонт

а а а

Некои луѓе се повеќе склони кон пронаоѓањето на радоста во вежбањето, меѓутоа доколку не сте дел од таа група на луѓе, преку тренирање на мозокот можете да им се приклучите.

Во текот на неодамнешната студија, од страна на Меѓународниот универзитет во Флорида, истражувачите ја измериле електричната поврзаност во мозокот на луѓето коишто се релативно активни, и откриле дека оние луѓе кои себеси се доживуваат како високо толерантни на физичкиот напор, имаат повисоко ниво на „запаметено задоволство“.


Во меѓувреме оние коишто изјавиле дека не се толку толерантни имале одредено количество на „претходен страв“ или негативни чувства, дури и пред да започне тренингот.

Добрата вест е дека можете да се научите себеси повеќе да го прифаќате (физички и ментално) движењето – што ќе ви помогне да се чувствувате повозбудени за вежбањето како и да почнете да копнеете по него.

Додадете ѝ привлечност на рутината на вежбање

Можеби не ви пречи кревањето на тегови, но дефинитивно немате чувство дека едвај чекате да тренирате, во таков случај можете да создадете вештачка мотивација преку слушањето на музика или поткаст додека вежбате.


На тој начин создавате надворешни сигнали кои ќе ви помогнат да се „туркате“ себеси малку посилно и малку побрзо.

Поставете си предизвик

Без оглед на тоа што вежбате, активноста мора да биде доволно тешка за да почувствувате чувство на успех поради кое ќе посакате повторно да ја повторите вежбата. Сепак тоа треба да биде во рамки на вашите способности, за да го заштитите вашето чувство за самоефикасност (односно верувањето во сопствените способности).


Кога луѓето ќе доживеат интензитет на вежбање којшто не е во согласност со нивните преференции или толеранција, во иднина тие помалку ќе вежбаат, покажуваат истражувањата.

Испратете му на својот ум мотивациски знак

Луѓето се „програмирани“ да штедат што повеќе енергија и да складираат што повеќе масти. Така што понекогаш, а особено кога вежбата ќе стане интензивна, мора да се потсетите зошто поминувате низ тоа (зошто вежбате).

„На некои делови од нашиот мозок тешко им е да ја добијат смислата за вежбање“, вели авторот на истражувањето Марчело Биглиаси.


На пример потсетувањето дека кардио активностите се важни и за здравјето на срцето и за когнитивните функции може да ја има функцијата на мотивациски сигнал. Тоа ќе ви помогне да се чувствувате повеќе позитивно во дадениот момент и поредовно да вежбате во иднина – ќе почнете да го поврзувате убавиот изглед со здравствените бенефити. Меѓутоа, изненадувачки е фактот што негативните мисли можат да делуваат како позитивни сигнали (на пример: помислата дека вашата енергија и расположение ќе опаднат доколку не вежбате во текот на денот може да има вистинско мотивациско дејство.



Спонзорирани линкови

Маркетинг