Казнета германската фудбалска легенда: Со моторна пила ја оштетил гаражата на соседот

Точка

28/09/2024

14:22

815

Големина на фонт

а а а

Јенс Лехман, пензионираниот голман на германската репрезентација, којшто настапуваше и за: Арсенал, Борусија Дортмунд, Шалке и уште неколку клубови, казнет е со казна во износ од 135.000 евра, поради тоа што со моторна пила ја оштетил гаражата на соседот. Оваа одлука ја донесе судот во Старнберг, родниот град на фудбалерот.


Главниот државен обвинител, го обвинил Лехман дека во јули 2022 година, со моторна пила ја испилил гредата на кровот од гаражата на соседот, и првобитно беше казнет со казна од 420.000 евра, а сега овој износ беше намален поради жалбата.


„Господинот Лехман ја прифаќа одговорноста. Тој постигна договор со неговиот сосед“, изјави адвокатот на Лехман, Флориан Уфер. Лехман којшто исто така беше обвинет за одбегнување на плаќања за паркинг на аеродромот во Минхен, ги плати и тие казни, соопшти неговиот адвокат.

Неодамна му беше одземена возачката дозвола

Потсетуваме, Лехман пред неколку дена, беше тема на германските медиуми, поради тоа што му беше одземена возачката дозвола бидејќи управувал со своето возило во алкохолизирана состојба.


Обвинителката Џулиан Гроц објави дека Лехман бил изложен на полициска контрола во центарот на Минхен, во 1:30 часот. При претресот, полицајците забележале „јасен мирис на алкохол и неурамнотежено движење на Лехман“. Државното обвинителство додава дека Лехман бил во таква состојба што било невозможно да се направи алкотест. „Тогаш било одлучено да се направи тест на крвта и му била одземена возачката дозвола“, додаде Гроц.



Спонзорирани линкови

Маркетинг