Пресврт во допинг-скандалот на Синер, најдобриот светски тенисер се соочува со двегодишна суспензија!

Точка

28/09/2024

16:30

1.508

Големина на фонт

а а а

Бурата околу допинг-скандалот се уште не стивнува!

Светската антидопинг агенција (WADA) поднесе жалба до Меѓународниот суд за спортска арбитража за случајот со Јаник Синер.

Најдобриот тенисер на планетата сепак се соочува со двегодишна суспензија поради позитивен допинг тест во март.


Да потсетиме, Синер бил позитивен на супстанцијата клостенбол, а избегнал суспензија и казна бидејќи било констатирано дека дошол во контакт со недозволената супстанца преку лезии на кожата додека бил масиран од поранешен физиотерапевт.

Овој случај предизвика многу врева во тенискиот свет, а додека некои сметаа дека е соодветно казнет, други како Ник Киргиос побараа повеќегодишна суспензија.


Ако жалбата на WADA биде усвоена, Синер може да биде надвор од теренот помеѓу една и две години.




Спонзорирани линкови

Маркетинг