[ВИДЕО] Ливерпул ги реши „волците“ и го презема врвот во Премиер лигата

Дерби

28/09/2024

21:17

252

Големина на фонт

а а а

Составот на Ливерпул е новиот лидер во Премиер лигата откако вечерва го оправда статусот на фаворит во соочувањето со Вулверхемптон.

„Црвените“ славеа со 2-1 на „Молињу“ и сега со учинок 5-1 (победи/порази) се број еден во англискиот шампионат пред Манчестер Сити и Арсенал кои имаат 14 бодови.

Конате во судиското продолжение на првиот дел стрелаше за водство на Ливерпул, но Французинот беше главен виновник што домаќините го израмнија резултатот во 56 минута.

Меѓутоа четата на Слот реагираше и во 61 минута дојде до нова предност која се покажа како доволно за триумф.



Спонзорирани линкови

Маркетинг