Бразилската манекенка Изабел Гулар се појави на црвениот тепих на Канскиот фестивал, а овојпат не го привлече вниманието на јавноста со своето модно издание, туку со своето непрепознатливо лице.
Оваа година, Канскиот фестивал беше домаќин на бројни ѕвезди - и од светот на филмот и од модната индустрија. Веќе имавме можност да видиме некои големи имиња, како што се: Хајди Клум, Барбара Палвин, Бела Хадид, Ирина Шајк, Адријана Лима, а бразилската убавица Изабел Гулар исто така ја искористи својата можност да блесне на црвениот тепих.

Моделот се појави на премиерата на филмот „Фјорд“, во друштво на својот партнер Кевин Трап. Нивното заедничко појавување падна во втор план, бидејќи вниманието на јавноста беше насочено кон познатата убавица - или, барем, кон она што остана од неа.
Како што можете да видите, Изабел за оваа пригода одлучила да носи сребрен фустан ко ја следи линијата на телото и ја нагласува нејзината видливо слаба фигура. Креацијата зрачи со гламурозна нота, а во тој дух моделот додал и дијамантски ѓердан, таканаречениот чокер.

Сепак, странските медиумски фотографи се фокусираа на нејзиното лице, бидејќи за време на парадата на црвениот тепих, таа беше речиси непрепознатлива. Дури и корисниците на интернет забележале драстична промена и се убедени дека таа се подложила на естетски процедури.

„Збунета сум! Што се случи со нејзиното лице? Зошто изгледа толку различно? Како да не е ни таа“, „Непрепознатлива“, „Дали е ова вистинската Изабел Гулар?“, „Нејзиното лице изгледа помладо, поинаква е. Сè уште е убава, но го изгубила својот идентитет“, се само некои од коментарите...
А потоа корисниците на X почнаа да објавуваат нејзини фотографии „пред и потоа“.










