[ФОТО] Оваа земја изобилува со термални извори: Комбинација на здравје, релаксација и совршена природа

Точка

25/09/2024

16:16

25.410

Големина на фонт

а а а

Релаксирањето на едно од термалните одморалишта може да биде совршен начин за уживање но и за подобрување на здравјето, пред доаѓањето на ладните, зимски денови. Сместени во прекрасни окружувања, Турција е позната по своите извонредни термални ресурси, кои придонесуваат кон нејзината репутација во здравствениот туризам.


Оваа земја има повеќе од 1.500 термални извори и повеќе од 260 термални објекти коишто секоја година, ги посетуваат илјадници туристи од целиот свет. Со топлите извори, термалните објекти и привлечната клима, Турција е особено популарна помеѓу постарите туристи, но и оние коишто сакаат да доживеат ревитализирачко искуство како и оние кои се во потрага по лек за здравствените проблеми.

Разноликите и маѓепсувачки пејзажи на земјата, како и популарната медитеранска кујна (позната по своите лесни и здрави вкусови), совршено се спојуваат со термалните убавини на Турција.

Памукале – древните лековити води


Памукале, едно од најпознатите туристички места во Турција, претставува вистинско чудо на природата, со минерални води коишто креирале прекрасни пејзажи. Памукале и древниот град Хиераполис којшто се наоѓа во близина, заедно претставуваат локалитет на УНЕСКО. Тие се центар за лекување и велнес уште од древни времиња, благодарение на подмладувачките термални води во околината.


Денес едно од најнезаборавните искуства на ова извонредно место е уживањето во капењето. Пливањето во древниот базен на Клеопатра во Хиераполис, каде што постојаната температура на водата изнесува 35 степени со поглед кон „белиот рај“ прави посетителите да се чувствуваат како да се во бајка.


Ова историско и природно чудо претставува дом за уште три термални подрачја: „Sarayköy“, „Gölemezli“ и „Karahayıt“, а водите во сите нив изобилуваат со железо и калциум.

Афјонкарахисар – термалниот, главен град на Турција

Афјонкарахисар е најпознатата дестинација со термални извори во Турција, сместена во внатрешното егејско подрачје. Дел е од европската рута на историски термални градови и се гордее со извори коишто имаат висока концентрација на минерали во местата: „Gazlıgöl“, „Heybeli“, „Ömer“, „Hüdai“, и „Gecek“, чиишто води ефикасно ги третираат кожните заболувања, болестите на желудникот, бубрезите и цревата.


Посетителите ќе уживаат во топлите базени на Афјонкарахисар, чијашто температура се движи од 42 до 53 степени, а можат и да ја пробаат релаксирачкото бањање во кал.

Бурса – безвременски термален одмор


Бурса е позната дестинација за обнова на животната енергија уште од периодот на Османлиското царство, а денес е дома на впечатливи термални извори како што се: „Çelik Palas“, „Kükürtlü“, „Karamustafa“, „Kaynarca“, and „Eski Kaplıca“, чиишто води достигнуваат температура од 88 степени и поседуваат термално – минерални својства.


Сепак, најпопуларното здравствено и термално туристичко место се „Olyatski“ изворите, сместени во подножјето на „Uludağ“, чијашто вода може да се консумира. Покрај термалните извори посетителите можат да ја посетат и планината којашто се наоѓа во близина, а која е особено популарна дестинација за скијање во текот на зимскиот период. Термалните извори на Бурса не се ограничени само на капалишта, исто така градот нуди многу луксузни хотели и објекти каде може да се ужива во водата богата со магнезиум.

Болу – средба помеѓу велнесот и природата

Градот Болу, сместен во западното црноморско подрачје познат по своите густи шуми и мирни езера, дом е на едни од најсмирувачките геотермални и термални извори во земјата, кои го прават популарна дестинација за велнес туризам.


Термалните извори на овој град, како што е „Göynük“, „Karacasu“, и „Mudurnu“, познати се по своите води богати со минерали кои имаат различни здравствени бенефити. Покрај термалната понуда, природното окружување на градот нуди сликовит амбиент за опуштање.


Градот Болу се наоѓа во близина на езерото „Abant“ како и во близина на националниот парк „Yedigöller“, што значи дека посетителите покрај уживањето во термалните извори, можат и да планинарат, да шетаат во природата и да организираат пикник и на тој начин да го комплетираат своето целокупното велнес искуство.