Здраво тело, нутритивен баланс и силна енергија – лето со потпис на Виталиа

Точка

07/07/2025

11:04

220

Големина на фонт

а а а

Летото е време кога нашето тело има зголемени нутритивни потреби, а динамичното темпо бара исхрана што е истовремено балансирана, квалитетна и лесна. Клучот за добро здравје и виталност лежи во паметниот избор на храна која заситува, а не оптоварува.

Производите на Виталиа се токму тоа – со внимателно избрани состојки, природен состав и висок нутритивен профил. Здрав избор каде и да сте, што и да правите, и прилагодени за секој животен ритам.

Наутро, започнете го денот со протеинската гранола со вкус на темно чоколадо и шумско овошје или пак со вкус на кокос и бадеми. Гранолата содржи 23% растителен протеин од грашок и соја, идеален за енергичен почеток на денот. Совршено се комбинира во вашето утринско овошно смути или со свежиот јогурт кој останува незаменлив избор во секое годишно време бидејќи е преполн со протеини и природни пробиотици. Внесување на протеини и комплексни јаглехидрати придонесува до подолготрајна енергија во текот на целиот ден.


https://www.facebook.com/reel/726996970087866

За здрава пауза во текот на денот, изберете солена ужина и тоа крцкавиот протеински микс со вкусови на пица или чили кој ќе ви обезбеди дури 15g растителен протеин на порција. Овесните крекери со семиња и вкусови од домат, босилек или оригано се богати со растителни влакна, пригодни за чуствителен дигестивен систем и можете да ги комбинирате со јогурт, хумус или свежо авокадо за совршена летна ужинка за сите диететски потреби.


Доколку пак ви се јаде нешто слатко, изберете од нискокалоричните десерти или сушено овошје за внес на витамини и минерали без вишок калории. Одржувајте хидриран организам и намалете ги овошните напитоци и газирани сокови со здрава алтернатива. За активни денови, пробајте од пробиотскиот освежувач комбуха и останете полни со енергија!


Уживајте во секој оброк со здрава храна, нутритивен баланс и вкус што инспирира. Ова лето, Виталиа повторно ги мотивира сите да се грижат за своето здравје и линија, нудејќи рецепти, совети и производи за здрава енергија. За сите што се стремат кон здрави животни навики, производите и вкусовите на Виталиа се прилагодени за секој летен момент и ви помагаат да останете енергични, хидрирани и во топ форма.


Комерцијален текст