Зошто Хезболах сè уште не ги лансира своите најнапредни ракети?

Точка

25/09/2024

14:44

1.938

Големина на фонт

а а а

Израел двапати го бомбардира главниот град на Либан во изминатите два месеци, но одговорот од Хезболах, најсилната недржавна борбена сила во светот, останува млак.

Весникот „Telegraph“ наведува дека Хезболах е несомнено најсилната недржавна борбена сила во светот. Нејзините воени способности ги надминуваат оние на армиите на многу земји од Блискиот Исток, вклучувајќи го и самиот Либан. Тој додава дека нивниот огромен арсенал вклучува наведувани проектили кои можат да го погодат секој израелски град. Сепак, одговорот на оваа група на израелските провокации досега беше прилично млак.

Британскиот весник, во извештајот на Адријан Бломфилд од Бејрут, истакнува дека лидерот на Хезболах, Хасан Насрала, постојано го предупредува Израел дека секој воздушен напад врз неговите упоришта во јужен Бејрут ќе биде проследен со ракетни напади врз Тел Авив. Сепак, раководството и понатаму се двоуми околу ескалацијата на конфликтот, можеби затоа што Иран ги ограничува активностите на Хезболах од страв дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху би можел да ги вовлече САД во војна.


Дописникот на „Telegraph“ потсетува дека Израел двапати го бомбардираше либанскиот главен град во изминатите два месеци, при што загинаа некои од најискусните команданти на Насрала на бојното поле. Минатата недела, илјадници членови на Хезболах беа оневозможени во истовремени напади врз уредите за безжична комуникација на организацијата. Затоа Хезболах го истрела најжестокиот прекуграничен бран од ракети досега, а по нападот следуваше најавата на партијата дека сега е во „отворена конфронтација“ со Израел.


„Зошто оваа срамежливост?

Хезболах намерно не ги гаѓаше израелските населени области ниту го распореди своето најнапредно оружје. Авторот го поставува прашањето: „Зошто оваа срамежливост?“ Тој одговара дека Иран се обидува да го спречи Хезболах, бидејќи ја гледа оваа организација како своја „осигурителна полиса“ доколку Израел ја нападне неговата нуклеарна програма. Колку повеќе проектили истрела Хезболах, смета дописникот на МИА, толку е послаба возвратната моќ на Иран.

Авторот, исто така, смета дека раководството на Хезболах не сака да го искористи својот напреден арсенал и не сака да го ескалира конфликтот од свои причини, како што се домашното јавно мислење и паѓањето во замка поставена од Израел.


Иако Хезболах сега има многу поголем и помоќен арсенал отколку во 2006 година кога се бореше против Израел, либанскиот аналитичар Касем Касир, кој има блиски врски со Хезболах, верува дека слабеењето на Израел преку долготрајна и исцрпувачка конфронтација е претпочитаната стратегија на Хезболах.




Спонзорирани линкови

Маркетинг