Затворениците на Александар Лукашенко работеле на плантажите за кромид на германскиот десничарски политичар

Точка

24/09/2024

20:43

1.638

Големина на фонт

а а а

Јорг Дорнау, членот на германската екстремно десничарска партија – „AFD“, ги користел политичките затвореници како евтина работна сила на својата плантажа за кромид во Белорусија, пренесуваат белоруските медиуми.


Дорнау во соработка со локалниот Центар за изолација на престапниците потпишал договор за вработување на белорусите осудени за политички прекршоци, во неговата белоруска земјоделска компанија „OOO Zybulka-Bel“, објави независниот локален медиум „Reform.news“.

Инаку, белорускиот претседател Александар Лукашенко по претседателските избори во 2020 година, ја зголеми политичката и масовната репресија врз неистомислениците.

Затворениците имаат дневница од пет евра

Еден од работниците на плантажата на Дорнау, изјавил дека сортира кромид за надомест од околу пет евра дневно, откако бил затворен во февруари 2024 година поради тоа што „лајкувал“ погрешна објава на социјалните мрежи. Тој објаснил дека работи во многу тешки услови. Појадокот го добиваат во седум часот наутро, а потоа не добиваат храна и вода до крајот на работниот ден којшто завршува во 20 часот. „Нè однесоа во засолниште. Тоа беше ужасен подрум, луѓето беа облечени во секаква облека, па така рацете и нозете нѝ смрзнуваа“, раскажал затвореникот.


Како што вели затвореникот работата на плантажата ја надгледувал надзорник, којшто одлучувал дали затвореникот ќе биде платен, а работата не била присилна, додека заработените пари се користеле за одржувањето на затворот.

Според извештајот, Дорнау, барем еднаш ги посетил своите плантажи за кромид, а со цел лично да ги запознае своите вработени. „Дури го имам и видено. Висок, ќелав човек, еднаш пристигна со својот автомобил со германски регистарски таблички“, вели затвореникот.


Во Белорусија има повеќе од 1.300 политички затвореници

Меѓутоа, Дорнау денес не одговори на многубројните барања за коментар на „Politico“.

Инаку, тој од 2019 година ја претставува екстремно десната популистичка партија „AFD“ во парламентот на сојузната држава Саксонија, во источна Германија, а се најде под лупата поради неговиот бизнис во Белорусија. Парламентот во Саксонија минатиот месец побара од Дорнау да плати казна од 20.862 евра бидејќи не ја открил својата вмешаност во „Zybulka-Bel“, компанијата регистрирана во Белорусија во 2020 година.


Инаку, според податоците на белоруската организација за човекови права „Viasna“, Белорусија има повеќе од 1.300 политички затвореници, а исто така со години е мета на санкциите на ЕУ, а последниот пат тоа се случи во август поради континуираната репресија и кршење на човековите права.



Спонзорирани линкови

Маркетинг