Поранешната љубовница на Мадона призна сè: „Се чувствував како високо рангирана проститутка“

Точка

24/09/2024

21:54

751

Големина на фонт

а а а

Поранешната манекенка Џени Шмизу којашто беше во љубовна врска со Мадона, во новата документарна серија „In Vogue: The 90’s“ ги откри деталите за нејзиното време поминато со поп дивата во Европа.

„Мислам, нема да ѝ кажете не на Мадона во деведесеттите“, се потсети Џени, а пренесува магазинот „People“.


„Навистина беше прекрасно да се чувствуваш како високо рангирана проститутка. Се случуваше да ме побара по телефон велејќи:„Хеј дали можеме да се видиме на мојата ревија во Париз? Ти си во Европа, зарем не?“, раскажа Шмизу, а потоа подетално објасни како изгледало сето тоа.

„Јас ѝ одговорив: Да, само што завршувам со Прада. Веднаш по Прада ќе се качам на авион. Тоа и го направив. Во околу четири часот наутро, ќе отидев до нејзиниот хотел, спиев со неа, а потоа се вратив во Милано“, додаде Џени којашто имала љубовна врска и со Анџелина Џоли.


„Мојата сопруга ќе ме убие“, се пошегува Шмизу, којашто е во брак со Мишел Харпер од 2014 година.

Во документарната серија, Џени, најмногу зборуваше за она што веќе го има објавено во своите мемоари минатата година.

„Ми се допаѓаше тоа што ѝ бев на располагање на Мадона. Ја „палеше“ тоа што ми беше наредено да дојдам во нејзиниот апартман секогаш кога таа ќе го посакаше тоа“, раскажа Џени.


Меѓутоа покрај со Мадона, Џени има спиено и со Анџелина Џоли,а истото го потврди и самата актерка.

„Веројатно ќе се омажев за Џени Шмизу доколку не се омажев за мојот маж“, изјави Џоли во 1997 година за магазинот „Girlfriends“, притоа мислејќи на нејзиниот поранешен сопруг Џони Ли Милер.



Спонзорирани линкови

Маркетинг