[ФОТО] Белингам напиша порака на хрватски поради Модриќ

Дерби

22/09/2024

16:08

2.722

Големина на фонт

а а а

Џуд Белингам ја санираше повредата и се врати во првиот тим на Реал Мадрид, па откако беше стартер против Штутгарт, истото се повтори и вчера.

Англичанецот го контролираше средниот ред во друштво на Лука Модриќ и се погрижи за стабилност на дуелот против Еспањол, натпревар кој „кралевите“ на крајот го добија со 4:1.

Белингам во свој стил ја прослави остварената победа на социјалните мрежи и покрај тоа што не запиша гол и асистенција, а во пораките му се јавија многу соиграчи.

Бидејќи објави и една слика со Модриќ, Лука не остана должен и му се обрати со зборовите „задоволство е да те гледам“, по што Англичанецот му одговори навистина оригинално, завршувајќи ја пораката со хрватски збор.


– Секогаш е задоволство, БРАТЕ, – порача Белингам.