[ВИДЕО] Ракометната икона драстично го смени изгледот и испрати срцепарателна порака: „Ова е мојот начин“

Точка

22/10/2025

20:46

723

Големина на фонт

а а а

Микел Хансен, данската ракометна икона и еден од најдобрите ракометари на сите времиња, официјално се збогува со активниот спорт по Олимписките игри во Париз.

Трикратниот освојувач на титулата најдобар ракометар во светот со Данска има освоено 12 медали на големи натпреварувања, вклучувајќи три светски, два олимписки и еден европски златен.

Во текот на својата кариера, тој беше познат по својата долга коса, но неодамна драстично го сменил својот изглед. Имено Хансен одлучил да ја скрати косата за да ја поддржи данската кампања „Knæk Cancer“, која собира средства за истражување на ракот, превенција и поддршка на пациентите и нивните семејства.

„Мојот татко имаше рак, за среќа, денес е добро. Ова е мојот начин да покажам дека сите сме заедно во оваа борба против ракот“, рекол Хансен додека ја крател долгата коса за да даде симболичен придонес за каузата.

Гестот покажува како спортисти како Хансен можат да ја искористат својата слава за да привлечат внимание кон важни општествени прашања, а покрај тоа неговиот нов имиџ инспирира многу обожаватели.