Загинатото семејство кај Ушќе биле упатени кон манастир: Пријател ги открил морничавите детали од трагедијата

Точка

22/09/2024

17:40

3.219

Големина на фонт

а а а

„Заминаа во манастирот Студеница, каде ги чекаше колегата на Даниел, за да поминат убав ден покрај светилиштето …“

Овие потресни зборови за српски „Курир“ ги кажал пријател на жртвата Д.Л. кој вчера загина во стравотна сообраќајна несреќа на патот Рашка-Краљево, заедно со неговите три деца на возраст од 10, 7 и едногодишно бебе. За жал, животот го загубила и неговата сосетка Д.Л., додека неговата сопруга Мирјана е тешко повредена, но е надвор од животна опасност. По несреќата, приведен е возачот на возилото на српската војска М.В., со кој се судрил „фордот“, кој исто така го управувал припадник на војската на Србија.


„Ден пред несреќата беше на воената парада во Батајница, се радуваше. Ја сакаше војската, униформата ја облече некаде во 2013, 2014 година и беше исклучителен и чесен, семеен човек. Трагедија е сè што се случи. Ете, само еден ден подоцна, само неколку часа потоа, тој и неговите деца загинаа и тоа судбински во несреќа со воено возило“, изјавил за „Курир“ пријателот и додал:


„Вчера и сосетката заминала со нив како би го посетила манастирот затоа што беше празник Мала Богородица. Се договориле однапред бидејќи имал слободен ден. Тие знаеја често да одвојат време и да поминуваат време со пријателите и семејството. Ете, овде ги чекал пријател и колега, се јавувал да видат до каде се стигнати, а телефонот само ѕвонел и ѕвонел под згмеченото возило. Не знаел дека ги загубил Д. и неговите деца. Кога видел дека се случила сообраќајка, а потоа и фотографијата од несреќата на која се гледа синиот автомобил, се пресекол, претчувствувал дека тие …“


Како што потоа додал овој неутешен пријател, Даниел скоро се вдомил, поточно купил куќа во Рашка.

„Живееја приватно, беа под кирија, но тој никогаш не се пожали иако имаа мали деца кои бараат многу трошоци. Сè издржа со крената глава, купи куќа, а сега нема кој да се радува на таа куќа. Кутрата Мирјана, остана сама. Нејзината куќа згасна, не знам дали ќе најде сила да ја преживее оваа трагедија“ зборувал во еден здив соговорникот и додал дека Мирјана не била вработена, но дека и таа покрај обврските со децата продавала и облека.


Истрагата за несреќата ја води надлежното Вишо јавно обвинителство Краљево.




Спонзорирани линкови

Маркетинг