[ВИДЕО] Најпотресното интервју во историјата: Нејзината ќерка (7) била силувана и брутално убиена од станодавецот – секој збор содржи неизмерна болка!

Точка

22/09/2024

15:33

2.009

Големина на фонт

а а а

Интервјуто на мајката на седумгодишното девојче кое беше брутално силувано и убиено во Етиопија го крена целиот свет на нозе. Иако не можете да разберете за што говори оваа жена, нејзините солзи и болката во гласот зборуваат повеќе од илјада зборови!

Хевен Авот била сексуално злоставувана, осакатена и убиена од станодавецот на нејзината мајка, Гетнет Баје, минатиот август во градот Бахир Дар, во северозападна Етиопија. Гетнет е осуден на 25 години затвор.

Мајката на девојчето, Абекјелеш Адеба, за Би-би-си изјавила дека загубата на нејзината ќерка прави да се чувствува „мртва одвнатре“.


Мајката на Хевен, г-ѓа Абекјелеш, медицинска сестра, сама ги одгледала неа и нејзината помала сестра. Со оглед на тоа дека била во добри односи со нивниот станодавец, кој живеел со неговото семејство во истиот двор, г-ѓа Абекјелеш за Би-би-си изјавила дека никогаш не чувствувала закана по нејзините деца. Била во роднинска врска со сопругата на станодавецот, што ја правело уште поопуштена.

Се изживувал над детето

Кога Хевен бил нападната, г-ѓа Абекјелеш била на работа, а девојчето го чувала нејзината тетка. Тетката изјавила дека Хевен ѝ рекла дека оди во тоалет и повеќе не се вратила. Загрижена што ја нема толку долго, нејзината тетка отишла да ја бара, но не можела да ја најде. Таа верува дека Гетнет ја киднапирал тогаш.

Се претпоставува дека напаѓачот го фатил девојчето во дворот, а потоа ѝ ја наполнил устата со бетонска смеса за никој да не може да ги слушне нејзините вресоци. После тоа монструозно се изживувал врз беспомошното девојче – толку многу што обдукцијата покажала дека ѝ се скинати сите мускули во долниот дел на стомакот!

Потоа Хевен ја удавил со голи раце и се верува дека потоа го измил нејзиното тело во кофа полна со белило за да ги скрие доказите, пред да го остави нејзиното осакатено тело надвор од куќата во близина на шипка каде децата сакале да се играат.


Сопругата на убиецот сакала да ги скрие доказите?

Кога било пронајдено телото на Хевен, луѓето прво помислиле дека таа паднала од шипката и дека е тешко повредена. Тогаш на „помош“ дошле сопругата и сестрите на убиецот, го зеле телото на девојчето и го однеле девојчето со уште неколку соседи не на лекар туку кај човек кој се занимава со традиционална медицина! Се разбира, оваа постапка дополнително ги уништила доказите.

Меѓутоа, полицијата успеала да ја пронајде патиката на девојчето во неговата куќа, а неколку сведоци го слушнале како вели дека Хевен била силувана и убиена пред да биде извршена обдукција, што значи дека само убиецот можел да знае таква информација.

„Доколку нашите деца не се безбедни во нашите домови, каде ќе ги заштитиме? Дали треба да престанеме да работиме и да го поминуваме целото време со нив? Како ќе ги прехраниме?“, зборувала очајната мајка.


Ја демнел и ѝ се заканувал на мајката на детето

Во текот на следните месеци, г-ѓа Абекјелеш се соочувала со дополнителни тешкотии додека ја оплакувала својата убиена ќерка. Таа морала да се крие, плашејќи се за својата и за безбедноста на нејзината друга ќерка, откако напаѓачот – Гетнет – избегал од притвор. Тој избегал од полициската станица во Бахир Дар, каде што бил приведен минатиот август, откако локалните амхарски милиции, борејќи се против армијата, упаднале во станицата за да ги ослободат своите соборци.

Сега слободен, Гетнет дошол да ја бара мајката на Хевен со пиштол. Тој повторно бил уапсен дури по речиси еден месец.

Таа вели дека чувствувала како безбедносните сили не сакале да го уапсат и морала да ги моли да го вратат. За цело време Гетнет ја заплашувал. Ова ја принуди г-ѓа Абекјелеш да се сели од куќа до куќа и често да ги менува работните места во изминатата година.

Г-ѓа Абекјелеш верува дека правосудниот систем ја изневерил. Таа смета дека казната од 25 години затвор за Гетнет не е доволна. Меѓутоа, најмногу е загрижена поради неговата жалба и можноста за негово предвремено ослободување.

„Ја изгубив мојата Хевен … безживотна сум“, изјавила таа за Би-би-си.




Спонзорирани линкови

Маркетинг