[ФОТО/ВИДЕО] Иран покажа нова балистичка ракета и унапреден шахид: Дронот кој Техеран им го продава на Русите сега може да ја покрие цела Украина и да допре до НАТО

Точка

22/09/2024

15:05

1.217

Големина на фонт

а а а

На воената парада во Техеран, Иран ги покажа новите верзии на беспилотните летала Шахид кои Русија ги користи за напади во Украина, како и нова ракета.

„Киев пост“ објави дека иранската државна агенција ИРНА објавила дека во јавноста се претставени најновиот дрон Шахид 136-Б, надградена верзија на беспилотното летало Шахид 136 што руските сили секојдневно го користат во Украина, како и балистичката ракета Џахад претставени за време на одбележувањето на Неделата на светата одбрана.


Така ги во Иран ги нарекуваат воените паради во чест на загинатите во иранско-ирачката војна од 80-тите години на минатиот век.


Иран тврди дека Шахид 136-Б има домет од повеќе од 4.000 километри, што е двојно повеќе од беспилотните летала од овој тип што сега се гледаат во Украина, а чиј домет е до 2.000 километри.








Иранските власти тврдат дека балистичката ракета Џахад има оперативен домет од 1.000 километри.

Новиот дрон наводно може да достигне мета било каде во Украина кога ќе биде лансиран од Русија и е способен да прелета над украинската територија за да стигне до земјите членки на НАТО кои се граничат со неа.




Спонзорирани линкови

Маркетинг