[ВИДЕО] Харисон Форд ги загрижи фановите во текот на последното појавување во јавноста: „Воопшто не изгледа добро“

Точка

23/09/2024

14:20

920

Големина на фонт

а а а

Еден од омилените холивудски актери, Харисон Форд, ги загрижи фановите во текот на неговото последно појавување во јавноста.

Имено, актерот кој се прослави со бројни улоги, од кои најпозната е онаа на Индијана Џонс, се појави на Дизниевиот „D23 Expo“, каде му беше доделена наградата за Дизниева легенда за улогите на Хан Соло во „Star Wars“ и Индијана Џонс.


Меѓутоа, во текот на притискањето на неговите раце во цементот, 82-годишниот Форд имал проблем со потпишување на своето име, придржувајќи ја десната рака со левата.

Видеото од потпишувањето е споделено на Инстаграм страницата на емисијата „Good Morning America“ и сега стана вирално на социјалните мрежи. Под снимката се јавија бројни загрижени фанови во коментари.


„Честитки за него, но ми се крши срцето што го гледам толку изнемоштен“, „Воопшто не изгледа добро“, „Тешко ми е да гледам како мојот омилен актер старее“, се дел од коментарите на фановите.

За потсетување, легендарниот актер доби признание за животно дело на доделувањето на „Critics Choice Awards“ на почетокот на оваа година.



Спонзорирани линкови

Маркетинг