Адвокатот на таткото на Вања: Обвинението се темели на доказите што ги прибавил Александар, тој е жртва

Макфакс

20/09/2024

14:11

278

Големина на фонт

а а а

Адвокатот на таткото на Вања, Владимир Туфегџиќ, рече дека, денеска, во воведните говори на Јавното обвинителство не слушнале која е поткрепата на обвинението за Александар Ѓорчевски и врз основа на кои докази го темели обвинението за стореното кривично дело.

„Само паушално наведува дека помагал. Немаме дејства на извршување, немаме доказ и потполно беше апсурдно барањето на Јавното обвинителство за исклучување на јавноста, а јавниот обвинител во воведниот говор вели јавноста да ги добие долгоочекуваните одговори. Како јавноста, доколку биде исклучена, ќе ги добие долгоочекуваните одговори“, рече Туфегџиќ.

Адвокатот додаде дека таткото на Вања е жртва и оштетен во постапката.


„Александар е жртва, тој е оштетен во оваа постапка, тврдам дека секој родител кому би му се случило вакво нешто би го презел апсолутно истото тоа што го презел тој, би водел своја самостојна истрага. Сведоци сте дека обвинението се темели токму на доказите што ги прибавил Александар и тоа со знаење и со согласност на полициските службеници за кои барам да бидат испитани да видиме како ја воделе постапката“, рече адвокатот и додаде дека „тврди оти ова не е водено онака како што треба, затоа го имаме тој резултат во однос на Александар“.

Туфегџиќ рече дека не знае кој ќе биде концептот на одбрана на другите.

„Јас сум доведен во позиција да бранам потполно невин човек за кој нема ниеден доказ“, додаде адвокатот.

Во однос на тврдењето на Обвинителството дека само таткото на Вања знаел оти таа ќе оди тој ден сама на училиште, адвокатот рече дека таков доказ тој нема, а од каде се тие заклучоци, Туфегџиќ рече дека јавниот обвинител треба тоа да го презентира.

Според адвокатот, Алексадар е класично злоупотребен.

„Неговите дејства во насока на самостојна истрага се злоупотребени и погрешно протолкувани. Тој бил во секојдневна комуникација со своите деца“, додаде Туфегџиќ



Спонзорирани линкови

Маркетинг