[ФОТО/ВИДЕО] Почна судењето за двојното убиство на Вања и Панче: Мајката на Вања Ѓорчевска бараше исклучување на јавноста, судот го одби барањето

Макфакс

20/09/2024

11:25

3.628

Големина на фонт

а а а

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска започнa судењето за двојното убиство на 14-годишната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски.

Судечкиот совет при Основниот кривичен суд Скопје донесе одлука за спојување на постапките на обвинетите, откако Основното јавно обвинителство најпрво поднесе обвинение против четири лица, а потоа и против првоосомничениот Љупчо Палевски.

За Палевски се чекаше екстрадиција од Турција, за двојното грабнување и убиството на малолетната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес.


Покрај Палевски, обвинети се и Боре Видевски, Велибор Манев, Влатко Кешишов, како и таткото на Вања, Александар Ѓорчевски.

Според обвинението, тие заедно испланирале грабнување на 14-годишното девојче со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде парични средства за откуп.

На 22.11.2023, обвинетиот заедно со уште тројца претходно обвинети заеднички извршиле грабнување на оштетениот Панче Жежовски во Велес, со намера да го присилат да им го даде сопственото возило „Цитроен“ за да го користат за грабнување на детето во Скопје.


Во врска со овој случај е осомничено уште едно лице за помагање по извршување на кривичното дело против кого постапката ќе се води одвоено.Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес на 3 декември 2023 година.



Судот на почетокот на денешното судење не го прифати предлогот на Обвинителството за исклучување на јавноста.


Зорица Ѓорчевска, мајка на убиеното девојче Вања Ѓорчевска преку нејзиниот полномошник поднела барање до Обвинителството јавноста да биде исклучена од цела јавна расправа за судењето за убиството на девојчето и велешанецот. Причините кои ги навела мајката се заштита на приватниот живот и траумите кои ги доживеала таа и нејзината помала ќерка од медиумското известување.


ФОТО

360 Степени

Слободен Печат




Спонзорирани линкови

Маркетинг