Нови израелски удари врз Либан: Хезболах ветува одмазда за експлозијата на пејџерите

Точка

20/09/2024

15:44

623

Големина на фонт

а а а

Израелското воено воздухопловство изведе нови напади врз Либан, во моментите додека расте напнатоста по серијата координирани експлозии на либански електронски уреди за коишто е обвинет Израел. Најмалку 37 лица загинаа откако во вторникот стотици пејџери коишто ги користи милитантната група Хезболах, симултано експлодираа, а во среда исто така имаше нови експлозии на комуникациски уреди (воки – токи). Околу 3000 луѓе ширум земјата се повредени како резултат на експлозиите, изјави либанскиот министер за здравство Фирас Абиад.


Израелците не преземаа одговорност

И покрај обвинувањата на Хезболах и Иран, израелската војска и разузнавачките служби јавно не ја преземаа одговорноста за овие координирани детонации. Од исламската револуција во 1979 година, Техеран ги смета САД и Израел за свои главни непријатели.

Израелската војска изјави дека синоќа погодила околу 100 ракетни лансирачи коишто Хезболах „ги подготвил за употреба во блиска иднина за напади на израелска територија“.

Покрај тоа, военото воздухопловство ја нападнало „терористичката инфраструктура“ и магацин со оружје во јужен Либан, додека артилеријата пукала на подрачјето Накура, соопштија израелските одбранбени сили („IDF“).

„Воените акции ќе продолжат“

Во Либан, којшто на југот се граничи со Израел, постои загриженост дека израелската војска подготвува копнена инвазија врз Либан. Израелскиот министер за одбрана, Јоав Галант изјави дека воените акции насочени кон Хезболах „ќе продолжат“.


„Хезболах се чувствува прогонето“, изјави Галант, додавајќи: „Нашите воени акции ќе продолжат. Во новата фаза од војната постојат значајни можности, но и значајни ризици“.

Консултациите со високите воени и разузнавачки функционоери се однесуваа на различни сценарија во борбата против Хезболах, вели Галант, а со цел овозможување на враќањето во своите домови на евакуираните цивили од северот на Израел.

Војската ги повика цивилите во текот на викендот да не престојуваат во близина на воените подрачја за обука во северниот дел од Израел. Војската таму ќе изведува „активности“, така што неовластените лица во тоа подрачје ќе се соочат со потенцијално смртоносна ситуација. Од војската додаваат дека е можно жителите од селата во близина да слушнат звуци од експлозија и рафали.

Регионот се соочува со постојан ризик од ескалација, откако започна војната во појасот Газа, помеѓу Израел и Хамас.

Водачот на Хезболах ветува одмазда

Водачот на Хезболах, Хасан Насралах, ја нарече експлозијата на комуникациските уреди „објава на војна“. „Нема сомнение дека претрпевме голем безбедносен и хуманитарен удар, без преседан во историјата на нашиот отпор, а можеби и во историјата на борбите со нашиот непријател“, изјави Насралах.


Тој вети дека „во името на ранетите и мачениците, либанскиот фронт нема да сопре додека не заврши агресијата врз Газа, без оглед на жртвите. Насралах експлозиите ги нарече „голема терористичка операција, чин на геноцид и масакр“ и вети казна и одмазда за овој „чин без преседан“.

Исто така тој ја коментираше израелската намера за враќање на израелските граѓани на северот, којшто избегаа од тоа подрачје поради борбите. „Она што ќе го направите ќе го зголеми раселувањето на оние коишто веќе избегаа од северот и ќе ја елиминира можноста за нивното враќање“, додаде Нсралах.

Мешутоа додека зборуваше Нсралах, израелските борбени авиони го пробија звучниот ѕид над Бејрут, создавајќи звуци слични на експлозија на бомба што предизвика паника.

Иран ги евакуираше амбасадорот и пациентите од Либан


Иран ввеќе го евакуираше својот амбасадор и 95 пациенти коишто беа повредени во експлозијата на пејџери во Либан, за најголем дел од повредените претрпеа повреди на очите и рацете. Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, в четврток, го посети повредениот ирански амбасадор во Либан, Моџтаба Амани, во болницата во Техернн.

Хезболах е најважниот ирански сојузник помеѓу недржавните актери. Инаку, поради либанското гранатирање, двајца израелски војници загинаа на северот од Израел, соопштија од израелската војска.

Убиен војник на границата

„Times of Israel“ извести дека еден резервист бил убиен во регионот на западен Галилеј, како резултат на експлозија на дрон којшто го лансирал Хезболах. Младиот војник наводно е убиен на северната граница на Израел, а осум други војници биле ранети, од коишто еден е во тешка состојба, како резултат на нападот со две противтенковски ракети на Хезболах, војници биле, се наведува во извештајот.


Како резултат на овој напад службената бројка на загинати во Израел на пограничното подрачје со Либан од осми октомври се искачи на 48, вклучувајќи цивили и војници. Од друга страна во истиот период убиени се околу 600 луѓе Либан, а најголем дел од нив се борци на Хезболах.



Спонзорирани линкови

Маркетинг