[ВИДЕО] „Штотуку го вратив мебелот, подобро да се удавев во мојата куќа“: Циклонот Борис го поплави и италијанскиот регион Емилија Ромања, кој беше двапати поплавен во 2023 година

Точка

19/09/2024

22:22

3.297

Големина на фонт

а а а

Евакуација на населението во италијанската област Емилија Ромања поради поплави предизвикани од циклонот Борис

Поплави предизвикани од обилните врнежи што циклонот Борис ги донесоа во Италија го погодија североисточниот регион Емилија Ромања.


„Кориере дела сера“ наведува дека најлошо претрпеле провинциите Болоња, Форли-Чезена, Равена и Римини, каде што стотици луѓе биле евакуирани и раселени.


Најтешка е ситуацијата во Модилјани, гратчето во провинцијата Форли-Чезена, низ кое навлегуваат калливи порои, а градот Фаенца во провинцијата Равена е речиси целосно поплавен.


Се наведува дека денеска на територијата на четири провинции училиштата се затворени, а железничкиот сообраќај е во прекин.

 Минатата година Емилија Ромања двапати беше погодена од големи поплави, кога загинаа 17 лица, а повеќе од 36.000 луѓе беа раселени.


Во градот Болоња вечерва се евакуирани околу шеесетина лица од критично загрозените подрачја.

Луѓето од Емилија Ромања бесно ја коментираат ситуацијата по последните поплави, бидејќи се незадоволни од реакцијата на владата за време на минатогодишната катастрофа.


-Веќе нема да се засолнувам, завчера штотуку го вратив последното парче мебел отстрането по поплавата во 2023 година. - изјави локален жител на социјалните мрежи.