[ФОТО/ВИДЕО] Меланија Трамп проговори за нејзините голи фотографии: „Не ја цениме убавината на човечкото тело“

Точка

19/09/2024

21:52

5.227

Големина на фонт

а а а

Поранешната прва дама на САД, Меланија Трамп, проговори за своите голи фотографии кои ги снимила додека се занимавала со манекенство.

Видеото настанало со цел, меѓу другото, да ги најави мемоарите кои наскоро ќе бидат објавени.

Меланија објави видео на социјалните мрежи во кое се осврнува на своите голи фотографии.

„Зошто гордо стојам зад моите голи фотографии кои настанаа додека се занимавав со манекенство? Поважно прашање е зошто медиумите се занимаваат со тоа. Дали повеќе не сме во состојба да ја цениме убавината на човечкиот облик на модните фотографии? Дали повеќе не сме во состојба да ја цениме убавината на човечкото тело? Низ историјата, уметниците го претставувале човечкото тело предизвикувајќи длабоки емоции и восхит. Би требало да ги почитуваме нашите тела и да ја прифатиме долгата традиција на користењето на уметноста како моќно средство на самоизразување“, порачала Трамп.

За потсетување, политичарката и коментаторка Ана Наваро пред два месеци на својот Инстаграм профил ги објави голите фотографии од Меланија Трамп.

„Некои републиканци изнесоа одвратни сексуални коментари за Камала Харис на телевизија и на социјалните мрежи, сакајќи нејзината историјата на љубовни врски да ја направат проблематична. Но, сакате да го направите ова проблематично? Само повелете. Никогаш не сум видела голи фотографии од Камала или нејзиниот сопруг“, напиша Наваро во таа прилика на својот Инстаграм.