Фудбалерот ја шокираше јавноста: Наполни 18 години, па се ожени со постар модел - ова е причината

Точка

17/09/2024

16:50

3.127

Големина на фонт

а а а

Младиот фудбалер Ендрик го воодушеви светот со своите фудбалски вештини, а сега ги изненади сите со својот брак.

И бразилската и шпанската јавност се воодушевени од веста дека младиот фудбалер на Реал Мадрид, Ендрик, се ожени веднаш откако наполни 18 години.

Ендрик и го кажа судбоносното „да“ на три години постарата манекенка Габриела Миранда, објави парот на "Instagram".


"Матеј 19:6" – Значи, тие веќе не се двајца, туку едно тело. Затоа, тоа што Господ го составил, никој не може да го раздели“, напиша младиот фудбалер под заедничката објава и потоа додаде „конечно оженет“.

Како што и самиот изјави во едно интервју, би сакал што поскоро да стане татко, па наскоро можеби треба да очекуваме такви вести. Ендрик сака да поминува што повеќе време со своите деца.


„Им кажав на мајка ми и на тато дека сакам да станам татко додека сум мал, да гледам како моите деца како растат и да имам силна врска со нив. Останува само Габи да се согласи“, изјави тогаш фудбалерот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг