Главниот фаворит за наследник на Де Роси веќе пристигнал во Рим

Дерби

18/09/2024

14:16

1.063

Големина на фонт

а а а

Отказот за Даниеле Де Роси денеска е топ тема на италијанската фудбалска сцена, а Рома наводно веќе е во финални преговори со неговиот наследник.

Медиумите првично објавија дека фамилијата Фридкин има неколку имиња во комбинација за наследник на Де Роси, за сега да се истакне едно име.


Се работи за хрватскиот стручњак Иван Јуриќ, кој наводно денеска веќе пристигнал на еден од римските аеродроми и можно е експресно да биде претставен за нов тренер.

Јуриќ е без ангажман откако му истече договорот со Торино и не ја продолжи соработката со италијанскиот прволигаш, а ова ќе му биде и најголем предизвик во кариерата.

Претходно, како ривали на Јуриќ се споменуваа Един Терзиќ и Стефано Пиоли, но Италијанецот веројатно ќе го преземе Ал Наср.



Спонзорирани линкови

Маркетинг