Федерер: Тешко е да се зборува за Надал, Ѓоковиќ сигурно…

Дерби

19/09/2024

11:04

1.869

Големина на фонт

а а а

Роџер Федерер веќе некое време е во тениска пензија и може мирно да се следи сите возбудувања, актуелности.

Швајцарецот заедно со Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ ја сочинуваа „големата тројка“ од која сега останаа само Шпанецот и Србинот со тоа што и нив двајцата годините ги газат особено Рафа кој и според нивото е далеку од она што беше, човек способен да освојува пехари на сите турнири.

Федерер имаше можност да проговори за двајцата и што за нив мисли во овој момент.


-Не знаеме што ќе се случи со Рафа, ќе видиме. Тешко ми е да прогнозирам нешто за Надал бидејќи тој речиси и да не играше во последните две години.

-Ѓоковиќ освои злато на ОИ и редовно се натпреварува. Вистина е дека имаше некои повреди, но тие се нормални кога ќе остариш. Мислам дека ќе биде еден од фаворитите за освојување на Австралија опен, заедно со Синер и Алкарас. Синер мора да ја брани титулата, Карлос има потенцијал да ги освои сите четири грен слемови, така што ќе биде многу интересен турнир, -порача маестрото од Базел.