Фудбалерите на Самсунспор и Башакшехир вечерва го играат натпреварот од третото коло во турската Суперлига, а пред почетокот на натпреварот шоуто го „украдоа“ две симпатични госпоѓи на трибините.
Како што може да се забележи, госпоѓите се веќе во сериозни години, но дефинитивно не им недостасува ентузијазам.
Тие дошле да навиваат за својот тим и тоа го направиле како и сите останати помлади навивачи на трибините.
Видеото од навивачките на Самсунспор веќе стана хит на социјлните мрежи, а можете да го погледнете ТУКА.
Инаку, Самсунспор е на 10-то место во турското првенство со шест бодови, додека Башакшехир е на третата позиција со 10 бодови.