Бил Гејтс ја откри тајната за успех во младоста: „Тогаш беше лудо“, а откри и поради што се кае

Точка

17/09/2024

13:19

1.368

Големина на фонт

а а а

Во интервјуто за „CNBC“, технолошкиот милијардер откри дека неговата дефиниција за успехот го вклучува неговиот софтвер и неговото глобално влијание.

„Тогаш беше само: дали мојот код е добар? Дали работи, и дали може оваа компанија да му покаже на светот дека овие микрокомпјутери се големи“, изјави Гејтс.

Во 1981 година, „IBM“ го лансираше својот компјутер и процени дека ќе продаде само 241.683 единици во период од пет години, но наместо тоа продаде околу три милиони како и стотици милиони во текот на една деценија. Секако на сите овие компјутери им бил потребен софтвер, а Гејтс во ова здогледал можност, применувајќи немилосрдна посветеност.


„Беше тоа магија на софтверот и бев подготвен, својот живот, во моите дваесетти години да го посветам само на софтверот, само на една работа“.

Всушност тој и ко – основачот на „Мајкрософт“, Пол Ален, имаа визија за – компјутер на секоја маса и во секој дом, „што денес звучи здодевно, но тогаш тоа беше потполно лудо“, додава Гејтс.

Зборувајќи околу неговите почетоци, Гејтс го окарактеризира своето гледање на успехот како „многу посветен врз Мајкрософт“ опишувајќи го својот живот во текот на неговите дваесетти години како „сè во Мајкрософт, цело време“.


Гејтс се повлече од позицијата генералниот директор на Мајкрософт во 2000 година, а во 2008 година се откажа од своите секојдневни должности во компанијата, потоа се откажа од својата претседателска улога во 2014 година, а одборот го напушти во 2020 година. Гејтс сега е фокусиран врз својата филантропија, а вели дека неговата дефиниција на успехот еволуирала и го вклучува „додавањето на нето вредноста“ на светот како и зајакнувањето на другите луѓе.


Во текот на неговото воведно обраќање кон матурантите на универзитетот во Северна Аризона во 2023 година, Гејтс изрази жалење поради неговиот пристап кон работата во текот на почетните денови на „Мајкрософт“, кога велеше дека не верува во викенди или одмори и ги приморуваше и другите подолго да работат.

„Како што стареев, а особено кога станав татко, сфатив дека и кога ја работите најдобрата работа и дури и да имате прекрасен живот, таквиот интензитет не е секогаш соодветен“, вели Гејтс и додава: „Не чекајте колку што чекав јас, за да ја научите оваа лекција“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг