Некогашниот возач на Формула 1, Ралф Шумахер, пред два месеци ја шокираше јавноста со признанието дека е хомосексуалец.
Тој веќе две години е во среќна, љубовна врска со својот партнер Етјен, а неодамна двајцата имаа свое заедничко интервју во коешто зборуваа во врска со нивната љубов.
„Оваа хармонија и ова заедништво, исто така и меѓусебното разбирање е нешто што никогаш порано го немам доживеано“, изјави Ралф за „RTL Exclusiv“.
Етјен потоа се потсети на моментот кога Кора, поранешната сопруга на Шумахер,дознала за нивната врска.
„Кога пристигна, ме праша: „Дали спиете заедно? Јас јасно ѝ одговорив: „Да, секако, ние сме пар“. Беше среќна поради нашата врска, тоа беше прекрасно“, вели Етјен, меѓутоа неговата изјава е во спротивност со она што Кора порано го има изјавено.
„Би сакала Ралф повеќе да ме вклучеше во таа негова одлука, бидејќи тоа ќе значеше дека тој сè уште ме почитува. Кога го објави тоа, тоа за мене беше како да ме пробол со нож во срцето. Таквото признание секогаш најтешко им паѓа на најблиските, вклучувајќи ја и поранешната сопруга со која имаш дете. По сите тие години брак, се чувствувам како да ги потрошив моите најдобри години, се прашува, дали тој некогаш бил искрен кон мене и дали воопшто ме сакал. Слепо му верував и затоа неговиот збор за мене беше како заклетва“, изјави Кори пред два месеци.