Во листата на автомобили кои соборија барем еден рекорд се најде и "Nissan Qashqai".
Поточно, станува збор за моделот "Nissan Qashqai e-Power", кој го собори Гинисовиот рекорд за „car bungee jump“ бидејќи „скокна“ од височина од 65 метри.
Овој подвиг е изведен во градот Пут во Франција, а автомобилот цело време бил сместен во посебен кафез, додека зад воланот седел каскадерот и професионален возач Лорен Ласко.
Овој „скок“ помина без проблеми, а "Nissan", нормално, реши целиот потег да го искористи за промотивни цели.
„Ова е смел предизвик, токму како што ни се допаѓа во "Nissan". Досега, "Qashqai" се испроба во скејтбординг, сурфање, пејнтбол итн. Во новата кампања ќе скока од зграда до зграда“, објави брендот.
Треба да се нагласи дека ова не е највисокиот „автомобилски банџи скок“ некогаш забележан, но другите не ги следеле претставниците на Гинис, па затоа условот за евиденција за да се внесе во Гинисовата книга не е исполнет.