Штом дознал за болеста, ја исфрлил првата сопруга од тестаментот: Зошто Брус Вилис не сака да ѝ остави ниту цент на Деми Мур?

Точка

12/09/2024

20:44

12.004

Големина на фонт

а а а

Актерот Брус Вилис, кој веќе некое време се бори со тешка болест, наводно нема да ѝ остави ништо на поранешната сопруга Деми Мур, а дури ни нивните ќерки нема да го добијат богатството на актерот.

Холивудскиот ветеран и познатата актерка останаа во одлични односи по разводот. Неговата сопруга Ема Хеминг Вилис, поранешната сопруга Деми Мур и петте ќерки кои актерот ги има со нив се обидуваат да му го олеснат секојдневието на Брус и да му го разубават животот.


Една од првите работи кои ги направил Вилис откако дознал дека боледува од афазија е – исфрлање на Деми Мур од тестаментот!

Како што пишуваа медиумите на почетокот на 2023 година, откако открил дека боледува од болест која може да влијае на неговото расудување, актерот кој го обожувавме во серијалот „Die Hard“ и филмот „The Fifth Element“ решил да го промени овој документ и да не ѝ остави ништо на Деми со која има 3 ќерки.


Згора на тоа, Румер, Скаут и Талула, кои Брус ги доби со неа, ќе добијат помалку пари од првично планираното, додека најголем дел од богатството на актерот ќе оди кај неговите ќерки Мејбел и Евелин и нивната мајка Ема, втората сопруга на Брус.

„Брус сака неговото младо семејство да биде згрижено“, изјавил за „Radar Online“ извор близок до холивудската суперѕвезда. „Тој верува дека Румер, Скаут и Талула веќе го добиле најдоброто од она што тој можел да им го понуди финансиски во текот на животот“.


Наводно, во тестаментот на Вилис нема место за Деми Мур бидејќи и самата е исклучително богата жена - според celebritynetworth.com, таа има дури 200 милиони долари на своето име, најмногу благодарение на нејзината актерска и продуцентска работа, иако и недвижнините исто така играат голема улога во вкупните средства.

Нејзините ќерки со Брус Вилис се исто така милионерки, па така Скаут и Талула имаат по 3 милиони долари, додека Румер има 4 милиони долари.



Спонзорирани линкови

Маркетинг