Англиската старлета Кејти Прајс (46) се појави пред Кралскиот суд на правдата во центарот на Лондон, откако беше уапсена на аеродромот Хитроу бидејќи не се појавила на суд.
Таа со години ги полни насловните страници на британскиот печат со пластичните операции кои целосно ѝ го променија лицето и телото, а најновите фотографии по фејслифтингот во Турција шокираа многумина.
Старлетата неодамна ја направи шестата операција на лицето, а како што велат многумина, сега повеќе личи на восочна фигура отколку на човечко суштество. Иако поради операциите можела да го загуби животот, се чини дека Кејти повеќе е подготвена да го преземе тој ризик отколку да покаже знаци на стареење.
Таа околу главата носела црн стегач кој мора да го носи по операцијата за затегнување на лицето, како и големи очила за сонце кои го криеле отеченото лице на некогаш природно убавата Прајс.
Таа правела липосукција на целото тело, лифтинг на очите и усните, липосукција под брадата и инјектирање на маснотии во нејзиниот задник. Своите гради ги зголемувала дури 17 пати, а во неколку наврати зборуваше дека е свесна колку овие операции се ризични за нејзиното здравје. Сепак, Кејти нема намера да престане бидејќи сака да остане млада засекогаш.