[ВИДЕО] „Докторката оди да работи“: Лекарка од итна помош се снимала за „ТикТок“ како ријалити ѕвезда додека превезувале пациент во болница!

Точка

17/09/2024

12:13

13.767

Големина на фонт

а а а

Докторка на Заводот за итна медицинска помош во Белград Д. Т на својот „Тик-ток“ профил објавила серија снимки од своето работно место на кои таа е внесена во камерата, снима и не се однесува согласно професијата.

Како што е потврдено за „Nova.rs“, поради снимање на превозот на пациент, но и на корисниците на домот за стари лица каде и таа работи, против неа е поведена постапка пред Етичката комисија.

На видеата, кои Д.Т. ги објавила на „ТикТок“ профилот „DiamondDaxy“, таа е во преден план и им се обраќа на следбениците додека го опишува своето работно место, проследено со движења на риалити ѕвезда, стои во написите.

Меѓутоа, проблемот не е само извртувањето и неморалното однесување, туку тоа што во своите видеоснимки докторката го снимила и пациентот, здравствената установа каде што бил пренесен и сместен, како и корисниците на дом за стари лица.

Имено, на видеото кое е снимено во дом за стари лица, докторката на почетокот е во бел мантил со стетоскоп каде го претставува своето работно место и пациентите, а на крајот одеднаш се појавува во мини виолетов фустан и објавува дека е подготвена за – излегување!

„Ајде да видите малку докторка во поинаква верзија, да ги разбиеме предрасудите дека сите докторки се стари, досадни, грди. Па не е така, има и интересни“, вели таа на почетокот на видеото во домот, веројатно алудирајќи на себе.

„Докторката овде ги прави прегледите. Ги прегледуваме пациентите, правиме ЕКГ“, вели додека го снима работното место.

Потоа со камерата влегува во просторијата каде што се корисниците:

„Како сте дами?“ ги прашува таа.

„Одлично, со Ваша помош!“, одговараат тие.


„Леле, што сте прекрасни, многу ми е мило. Дали сте добро згрижени овде?“ ги прашува докторката, мислејќи на медицинските сестри и негувателите кои работат во домот.

Кон крајот ја бакнува главната сестра од домот, а потоа гордо изјавува:

„А сега, докторката оди на – излегување!“, притоа на видеото, белиот мантил одеднаш се заменува со краток виолетов фустан, очигледно аутфит за – излегување.

И тоа не е сè.

Го снимала транспортот на пациент во психијатриска болница.

Во друго видео, Д. Т се снима на почетокот пред возилото на Итната помош.

„Денес докторката оди на работа, да ви покажам“, им се обраќа на следбениците со задолжителното флертување со камерата.


Видеото продолжува во возилото кое се движи кон болницата. Зад неа, во задниот дел од автомобилот, каде што вообичаено превезуваат пациенти, седи едно лице и се гледа одзади. На крајот од видеото јасно се гледа влезот на Клиниката за психијатриски болести „Д-р Лаза Лазаревиќ“, каде е донесен пациентот, а докторката уредно документирала сè и го објавила на социјалната мрежа „ТикТок“.

Откако снимките се проширија на мрежите, а главната актерка во униформа на здравствена работничка била изложена на осуди, таа во најбрз можен рок ги отстранила сите снимки.

Сепак, навреме стигнале до нејзините претпоставени.

„Етичката комисија и инспекцијата на Министерството за здравство ќе одлучуваат за евентуалните санкции на колега, поради емитување спорни видеа од работното место“, изјавил за „Nova.rs“ д-р Горан Чолаковиќ, директор на Итна помош. Тој објаснил дека на едно видео се гледа како човек седи во задниот дел на амбулантно возило, но дека не станувало збор за пациент.


„Во тој дел седат и медицински техничари, па се работи за колега на спорната снимка. Сепак, постапката е започната, па ќе видиме што ќе се одлучи“, вели д-р Чолаковиќ.

Да потсетиме, граѓаните на Србија во април минатата година на социјалната мрежа „ТикТок“ го следеа скандалозниот пренос во живо од породувањето во „Народни фронт“ ГАК, кој го објавила инструментарка и медицинската сестра на оваа институција. По објавувањето на видеото од породувањето, оваа вработена веднаш била суспендирана.




Спонзорирани линкови

Маркетинг