Ова е мобилен за сите кои бараат „нешто поинакво“! „Huawei“ го претстави првиот тројно свитлив телефон

Точка

10/09/2024

15:28

7.838

Големина на фонт

а а а

Многумина велат дека „Huawei“ направи генијален потег претставувајќи го новиот телефон само еден ден после „Apple“. И тоа не е обичен телефон, туку тенок свитлив телефон кој има не два, туку три екрани.

„Huawei Meta XT Ultimate Design“ претставува моментално најтенкиот телефон на склопување на светот, со дебелина од само 3,6 милиметри.

„Mate XT“ има дизајн со двојни шарки кој се склопува во облик на буквата „Z“, овозможувајќи користење во различни формати. „OLED“ екранот има дијагонала од 6,4 инчи кога е целосно склопен како традиционален уред со еден екран. Кога е целосно расклопен, екранот се шири на 10,2 инчи (2.232 × 3.184) и може да се користи и кога е делумно отворен во помала конфигурација од 7.9 инчи.


Екраните имаат „LTPO“ адаптивна брзина на освежување, 1440 Hz високофреквентно „PWM“ придушување и максимална брзина на допир од 240 Hz.


Уредот доаѓа со батерија од 5.600 mAh и поддржува 66 W жично полнење или 50 W безжично полнење. На задниот дел се наоѓа тројна камера која се состои од главна камера од 50 мегапиксели, „ultrawide“ камера од 12 мегапиксели и перископска камера од 12 мегапиксели.


Камерата за селфи од предната страна има 8 мегапиксели и сместена е на левиот дел од екранот каде уредот е целосно расклопен.


Телефонот има 16 GB ра, а достапни се две дополнителни варијанти за складирање: 512 GB која чини 3.089 долари и 1TB за 3.370 долари. Како што велат од една кинеска компанија се занимава со продажба, веќе има нарачано 3,7 милиони парчиња телефони.




Спонзорирани линкови

Маркетинг