[ВИДЕО] Девојче и нејзините две кучиња се неразделни, моментот кога ја будат разнежи многумина

Точка

10/09/2024

15:39

3.687

Големина на фонт

а а а

Експертите велат дека децата кои растат со домашни миленици се поздрави и подружељубиви, а секако имаат и прекрасни спомени од детството растејќи со животни околу нив.

Една мајка решила да го сподели симпатичниот момент помеѓу нејзината ќерка и двете кучиња. Скајлар го споделила моментот кога едно утро двете кучиња дошле да ја разбудат нејзината ќерка Денвер.

Тие нежно ја разбудиле играјќи си покрај нејзиниот кревет, а таа била воодушевена.


„Ова ме направи многу емотивна. Кучињата навистина се најдобриот пријател на човекот“, стои во описот на видеото.

Оваа сцена разнежи многумина и измами насмевка на нивните лица. Нивното пријателство израдува многумина, а видеото доби повеќе од 1,3 милиони прегледи и над 216.000 лајкови.



Спонзорирани линкови

Маркетинг