Пети Сајалва, сопругата на Брус Спрингстин и колешка од бендот „E Street“, открила дека во 2018 година ѝ бил дијагностициран мултипен миелом, форма на рак на крвта.
Тогаш Пети и Брус заедно настапувале на Бродвеј, а пејачката одлучила да ја крие болеста сè до сега. Мултиплен миелом е малигно заболување на клетките на коскената срцевина, а првите симптоми се болки во коските – најчесто во ’рбетот, ребрата или карлицата.
Заболениот страда од анемија поради намален број на црвени крвни зрнца, што предизвикува замор и слабост. Зголемена е склоноста кон инфекции поради нарушена функција на имунолошкиот систем, а поради прекумерно количество протеини во крвта се јавуваат и проблеми со бубрезите.
Сајалва се осврнала на својата дијагноза во новиот документарен филм „Road Diary: Bruce Springsteen and the E Street Band“, кој бил премиерно прикажан во неделата вечерта на филмскиот фестивал во Торонто. Во филмот, контемплативен поглед на рок легендата и неговата тесно поврзана група соработници, таа сподели дека нејзината болест ѝ го отежнала настапот. Како резултат на тоа, направила чекор назад од турнеите.
„Ова влијае на мојот имунолошки систем, па морам да внимавам што избирам да правам и каде избирам да одам“, зборувала таа во филмот. „Постојано доаѓам на едно или две шоуа и можам да испеам неколку песни на сцената, и тоа ми беше задоволство. Тоа е новото нормално за мене во моментов, и јас сум во ред со тоа“.
Таа својата битка за здравјето ја водела во тајност, а минатиот октомври Брус ја вовел својата сопруга во Куќата на славните во Њу Џерси. „Покрај кариерата, Пети е и прекрасна мајка на нашите три деца, а неодамна стана и баба“, гордо изјавил Брус.
Двојката е во брак од 1991 година, а Пети има снимено и три соло албуми. Мултипен миелом за сега не е лекувачка болест, но можно е да се контролира и да се постигне долготрајна ремисија.
Се третира со комбинација на хемотерапија, имунотерапија, трансплантација на матични клетки и таргетирана терапија, со што се подобрува квалитетот на животот на пациентите и се продолжува нивниот живот.