[ФОТО] Кирјос со невкусна провокација до Синер пред големото финале на Ју-Ес Опен

Дерби

08/09/2024

16:05

1.434

Големина на фонт

а а а

Ник Кирјос испорача сериозен рафал од напади кон Јаник Синер во изминатите две седмици, но се чини дека овојпат ги помина границите со најновата провокација која ја испорача за најдобриот светски тенисер.

Австралиецот беше најгласен за допинг аферата која го стресе Италијанецот и во неколку наврати порача дека мора да биде суспендиран од страна на АТП, но кога стана јасно дека такво нешто нема да се случи, сега Кирјос почна да напаѓа за работи кои немаат никаква врска со спортот.

Ана Калинскаја е актуелна девојка на светскиот рекет број еден и веќе некое време се во љубовна врска, но фановите сега потсетија дека Русинката во минатото беше девојка и на контроверзниот Кирјос.

Во најавата за големото финале кое се игра вечерва меѓу Синер и Тејлор Фриц, Ник реши да испорача уште една „отровна стрела“ до Кирјос, нарекувајќи ја неговата девојка „втор сервис“.

Зајадливиот коментар донесе и многу негативни реакции за поранешниот финалист на Вимблдон, кој испровоциран од коментарите, реши да даде и одговор на оваа тема.

– Зарем јас сум лош зошто кажав нешто за ова? Ха ха ха, јас никогаш не ја споменав. Немој да се навредите кога друг го споменува тоа. За мене тоа е толку едноставно, – порача Кирјос.



Спонзорирани линкови

Маркетинг