„Wizz Air“: Ова е листата на европски плажи со најмал метеж

Точка

04/09/2024

16:32

24.586

Големина на фонт

а а а

„Wizz Air“ ја објави листата на европски плажи со најмал метеж, и според нив тоа се идеалните дестинации за сите оние коишто сакаат во мир да уживаат во морето.

„Wizz Air“ анализираше повеќе од 50 европски плажи, а првото место и припадна на плажата во Драч, Албанија.


Креирањето на оваа листа подразбирало: мерење на плажите, делење на нејзината површина со големината на пешкирот, а потоа делење со просечниот број на посетители на дневно ниво, за да се утврди колку простор секоја плажа може да му понуди на посетителот.

Плажата во Драч е долга околу 10, 5 километри, и ја доби оценката 64,5, надминувајќи ги оние од Франција, Португалија и Шпанија.


Целосната листа на европски плажи со најмала метеж е следната: 1.Плажата во Драч, Албанија – 64,5


2. „Camber Sands“, Велика Британија – 61, 1

3. Плажата „Zlatni Rat“ во Бол, Хрватска – 54,1

4. Плажа Борш, во Борш, Албанија – 43

5. „Plage de Pampelonne“, во „Ramatuelle“, Франција – 33,8

6. „Brighton Beach“ во Англија – 27,0

7. „Praia de Falesia“ во Алгарве, Португалија – 24,3

8. Плажата „Могрен“ во Будва, Црна Гора – 20

9. „Nissi Beach“ во Аја Напа, Кипар – 19,3

10. „Plaza d’en Bossa“ во Ибица, Шпанија – 17, 7



Спонзорирани линкови

Маркетинг